Животни

Азавак или сахарски ‘рт: африканско куче со кафена или песочна боја. Се карактеризира со вито и цврсто тело и со кралско држење. Познат е како многу нежна и семејна раса. Тој е недоверлив кон странци и не сака да го допираат, но ги обожава луѓето со кои живее. Секој ден му треба најмалку половина час трчање или активна игра, а бидејќи доаѓа од пустина, ужива во летните денови. Поради истата причина во зима му треба облека, бидејќи не може да го издржи студот.

Видраш или отерхаунд: како што кажува името, оваа раса е создадена за лов на видри, но е исклучително приврзан и лојален миленик. Првпат се споменува во документите на англискиот крал Џон од 13 век, а денес е речиси на работ на истребување. Тие растат до телесна тежина од над 50 килограми и не се сметаат за чисти и уредни кучиња, бидејќи во нивните влакнести шепи останува многу нечистотија.

Муди: оваа унгарска раса главно се користела за чување говеда и овци, а денес има помалку од илјада во светот. Тие ретко се гледаат надвор од Унгарија и околните земји, а наводно настанале во 19 век, со вкрстување познати раси пуми и пули. Тие се исклучително енергични и бараат многу активност. Паметни се и долговечни, но очекуваат многу труд и претпазливост од сопствениците, бидејќи не се согласуваат најдобро со другите кучиња.