Животни

Повеќето раси на кучиња живеат помеѓу 10 и 13 години, а има и такви што живеат подолго од тоа. Дознајте кои раси живеат најдолго, дури и до 27 години.
Иако оваа раса не е вклучена во листата на најдолговечни, светскиот рекорд за долговечност го држи австралиски овчар по име Блуи, кој живеел неверојатни 29 години. Прочитајте кои раси живеат најдолго.
Чивава: Таа е една од најдолговечните раси, веројатно затоа што е една од најмалите. Во просек живеат меѓу 15 и 20 години – минатата година на 20-годишна возраст почина најстарата регистрирана чивава во светот.
Јоркширски териер: Ова е една од најпопуларните раси и долго време ќе го радува својот сопственик бидејќи јоркширските териери живеат во просек помеѓу 17 и 20 години.
Јазовичар: Припадниците на расата со многу жив карактер обично живеат помеѓу 12 и 15 години, но можат да живеат и подолго. Јазовичарот по име Шанел доживеа 21 година.
Мини-пудлица: Овие интелигентни и лесни за дресура раси обично имаат животен век од 12 до 15 години. Сепак, најстарата мини-пудлица по име Шејмус живеела 20 години.
Малтезер: Ова е уште една многу популарна мала раса во чие друштво сопствениците ќе уживаат од 12 до 15 години. Малтезерот е древна раса чии корени потекнуваат од Малта.