Здрава храна
Липопротеините со ниска густина (ЛДЛ), познати како лош холестерол, може да се наталожат во артериите и да доведат до сериозни здравствени проблеми, како што се срцев или мозочен удар. Меѓутоа, важно е да се знае дека тоа е ризик што можеме да го контролираме со храна.
Ако нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) е превисоко, а нивото на добриот холестерол (ХДЛ) е премногу ниско, масните наслаги се акумулираат во крвните садови. Тие наслаги го отежнуваат протокот на крвта низ артериите. Тоа може да предизвика проблеми низ телото, особено во срцето и мозокот. Можеме да го намалиме лошиот холестерол и да го зголемиме добриот холестерол.
Исхраната е многу важна за здравјето на луѓето, вклучувајќи го и контролирањето на холестеролот. Издвојуваме намирници што ќе ви помогнат да го намалите холестеролот.
Листен зелен зеленчук: Храната како спанаќ, кељ и рукола содржи лутеин и други каротиноиди што можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања и да го намалат нивото на холестерол.
Авокадо: Авокадото е единственото овошје што содржи мононезаситени масти. Со други зборови, авокадото може да помогне во намалувањето на нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта, што може да го намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
Агруми: Освен што е слатко, овошјето е здраво и за контрола на холестеролот. Цитрусните овошја, како портокалите, содржат пектин, кој може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол. Пектинот е вид на растворливи влакна што го поттикнуваат телото да го намали ЛДЛ холестеролот.