Од 2026 година се воведува нова категорија за наградата „оскар“. Станува збор за најдобар кастинг, како што соопшти Академијата за филмски уметности и науки, која го организира доделувањето на „оскарите“. Извршните директори на Академијата, Бил Крамер и Џенет Јанг, во соопштението изјавија дека кастинг-директорите „играат суштинска улога во снимањето на филмовите“.
– Како што се развива Академијата, ние се гордееме што додаваме кастинг во дисциплините што ги препознаваме и славиме. „Оскарот“ за најдобар кастинг ќе биде првата нова натпреварувачка категорија од 2002 година, кога беше воведена наградата за најдобар анимиран филм – велат оттаму.
„Оскарите“ годинава, чиј водител е американскиот водител Џими Кимел, ќе се одржат во Лос Анџелес на 10 март.