Здрава храна
Ако се обидувате да се храните поздраво, постојат одредени намирници за кои нутриционистите велат дека треба да ги избегнувате за вечера.
Храна со скроб: Компирите, тестенините и оризот се примери за скробна храна што многу често се јаде за вечера, меѓутоа нутриционистката Трејси тврди дека овие намирници едноставно се метаболизираат до шеќерот и предизвикуваат покачен шеќер во крвта и инсулин. Ова не е добро, бидејќи нема да се согорува за енергија, туку ќе се складира како маснотии.
Зачинета храна: Изненадувачки, зачинетата храна не е добра за вечера. Нутриционистката Карен З. Берг вели дека таквата храна може да предизвика ждригавица, особено ако долго лежите по нејзиното консумирање.
Едноставни јаглехидрати: Иако јаглехидратите можат да бидат добри за вас, тие обично не се добри за јадење навечер. Нутриционистот Кирон Фостер објасни дека тоа е храна со висок гликемиски индекс, што во основа значи дека брзо се апсорбира во крвотокот. Значи, ако не вежбате и ги трошите тие шеќери како извор на гориво, тие ќе се претворат во масти и ќе се складираат во вашето тело, што ќе ја зголеми вашата тежина. Ова вклучува храна како компири, тестенини, пици, колачи, газирани сокови, овошни сокови, леб, сирупи итн.
Мрсна храна: Колку и да е задоволувачка мрсната храна, особено по напорен ден, треба да му одолеете на искушението да ја јадете за вечера. Мрсната храна треба да се ограничи како дел од здравата исхрана, но повеќе во текот на ноќта, бидејќи тешко се вари и остава трага на вашиот гастроинтестинален тракт.
Алкохол: Нутриционистката Берг вели дека пиењето алкохол може да ве направи гладни и да копнеете по јаглехидрати. За возврат, тоа може да доведе до прејадување, што само ќе ја влоши вашата ноќ. Исто така, иако алкохолот може да ви помогне да заспиете, истражувањата покажуваат дека тој значително го намалува севкупниот квалитет на сонот.