Познато е дека водата нема рок на траење, па многумина се прашуваат зошто на секое шише со вода има датум до кој треба да ја користиме водата. Всушност, водата нема рок на употреба, туку нејзината амбалажа. Амбалажата се подложува на деградација со текот на времето, што на крајот директно влијае на составот на водата. Сепак, постојат многу ситуации кога сте бидете принудени да чувате вода подолг временски период, па затоа е добра идеја да го знаете најдобриот начин да го направите тоа.
– Самата вода нема рок на траење, меѓутоа амбалажата во која е водата може да се распадне и во неа да ослободи штетни материи – вели нутриционистот Ендрју Акафонг.
Пред сè, треба да обрнете внимание на видот на водата. Ако е обична амбалажирана вода, треба да се обидете да ја пиете пред да истече рокот. Доколку имате веќе отворено шише со вода, пожелно е да го испиете во рок од неколку дена.
Како причина се наведува евентуалната промена на температурата во просторијата, која ако е топла станува почва за развој на бактерии, а тоа главно се однесува на ситуацијата во која претходно сте се напиле од тоа пакување.
Некои видови пластична амбалажа содржат и бисфенол А, соединение што може да предизвика здравствени проблеми, а кое поради своето растворливо својство може да навлезе во водата, особено кога пакувањето е изложено на сончева светлина.