Како да се одржува идеална температура во фрижидерот
Соодветната температура во фрижидерот ја одржува храната студена и сигурна за јадење со денови, па дури и недели, бидејќи на ниски температури се забавува размножувањето на бактериите. Кога температурата на храната се чува над одредена точка (околу 4 степени), бактериите почнуваат експоненцијално да се размножуваат. Не е секоја од тие бактерии лоша, но повеќето се. Би било добро фрижидерот да се на намести на оваа температура и да се следат насоките за одржување. Според Американската агенција за храна и лекови (ФДА), температурата на фрижидерот треба да биде 4 и нешто помалку степени, а на замрзнувачот минус 17 степени. Всушност, идеалната температура на фрижидерот е меѓу 1,7 и 3,3 степени.
Како да не ја зголемувате температурата во фрижидерот? Не ставајте топла храна, туку прво чекајте да се олади. Потоа, проверете дали на гумата на врата има некоја дупка и дали пропушта воздух. Тоа може да го отежнува правилното ладење и фрижидерот да троши поголемо количество електрична енергија.
Исто така, не отворајте ја врата пречесто, зашто така излегува студениот, а влегува топол воздух. Одолејте му на искушението да стоите пред фрижидерот додека сте гладни. Наместо тоа, земете го она по што сте дојдени и брзо затворете ја вратата.