Фото: Пиксабеј

Техно

Додека се навикнуваме на роботите, кои се вешти во вербалната комуникација, но развојот на нивните невербални комуникациски вештини, особено изразите на лицето, заостанува многу. Сепак, тоа може да се промени благодарение на тимот од млади експерти од „Креативни машини лаб“ од Америка.
Тие го создадоа роботот Емо, лице обложено со силикон што воспоставува контакт со очите и може да ги предвиди изразите на лицето 840.000 милисекунди пред да ги направи вистинска личност. Роботот е опремен со 26 актуатори што овозможуваат широк опсег на изрази на лицето.
За пореални интеракции, истражувачите интегрирале камери со висока резолуција во внатрешноста на зеницата на секое око, дозволувајќи му на Емо да оствари контакт со очите, што е од клучно значење за невербалната комуникација. Емо беше поставен пред камера и на тој начин вежбаше случајни движења, како што ги практикуваме изразите на лицето пред огледало.
– Се приближуваме до иднината во која роботите ќе можат беспрекорно да се интегрираат во нашиот секојдневен живот, нудејќи ни дружење, помош, па дури и емпатија – велат креаторите на роботот Емо.