Фото: Пиксабеј

Индукциските шпорети и рингли се популарни благодарение на нивното кратко време за готвење, енергетската ефикасност и безбедноста при употреба. Тие се загреваат побрзо од електричните и шпоретите на гас, енергетски се поефикасни од нив и овозможуваат прецизна контрола на температурата на готвењето. Секако, не можеме да го игнорираме фактот дека изгледаат прекрасно во кујната. За да ја одржувате вашата плоча во добра форма што е можно подолго, важно е правилно да ја исчистите.
Во продолжение дознајте кои се најчестите грешки при чистење што неповратно ја уништуваат индукциската плоча.

1. Го одложувате чистењето: Колку подолго се акумулираат остатоци од храна или маснотии на плочата, толку понапорно ќе биде чистењето и поголема е веројатноста неповратно да оштетите дел од плочата. Потребно е да се исчисти веднаш по секое готвење.

2. Ја чистите плочата пред да се олади: Упатствата за користење на индукциската плоча се многу јасни – мора да се излади пред чистење. Секако, во брзање, понекогаш го игнорираме ова правило и може да се случи обичната дамка да ја направиме уште полоша.

3. Користите абразиви: Заборавете на сите средства за чистење што содржат амонијак, хлор, киселини и други корозивни материи. Истото важи и за разни растворувачи, избелувачи и средства за отстранување бигор, ’рѓа или какви било тврдоглави дамки. Доволна е капка погрешно средство за да се оштети таблата.

4. Ја чистите плочата со остри предмети: Груби четки и сунѓери за чистење лесно остават гребаници.

5. Користите детергент за миење садови: Нивната употреба можеби на почетокот изгледа логично, но всушност е многу лоша.

6. Внимавајте со содата: Пред чистење, внимателно проверете дали плочата може да се исчисти со помош на сода, односно со производи на база на сода. Некои производители категорично забрануваат употреба на сода при чистење.

7. Заборавате да ја исушите плочата: На крајот од секое чистење, потребно е веднаш да се исуши индукциската плоча со чиста крпа или со хартиена крпа.