Техно

Јужнокорејските медиуми пишуваат дека компанијата „Самсунг“ годинава ќе произведе 33 милиони мобилни телефони помалку.
Три фактори се клучни за намалување на производството, а тоа се инфлацијата и потрошувачката на потрошувачите, сегашниот недостиг од компоненти и војната во Украина. Се очекува „Самсунг“ да го приспособи своето производство за сите ценовни рангови на уредите, од почетните до водечките модели.
„Самсунг“ првично планираше да произведе 310 милиони мобилни телефони оваа година, но развојот на настаните го принуди јужнокорејскиот технолошки гигант да го намали производството на 280 милиони уреди.
И покрај рекордните приходи во првиот квартал и 73,7 милиони продадени телефони низ светот, „Самсунг“ мора да се приспособи.
Други големи „играчи“ како компанијата „Епл“, исто така, го намалуваат производството. Компанијата од Купертино се очекува да произведе 20 отсто помалку примероци од ајфон СЕ.