Техно

Кинеската компанијата „Опо“ следниот месец ќе претстави два нови мобилни телефони од серијата „фајнд Н“ со дизајн на преклопување.
„Фајнд Н флип“ и „фајнд Н2“ (непотврдени имиња) ќе бидат наследници на минатогодишниот модел со хоризонтално преклопување, кој работи со колор ОС 13, базиран на оперативниот систем Андроид 13.
Неколку слики што се појавија на социјалните мрежи откриваат дека ќе имаат екран со брзина на освежување од 120 херци, 12 гигабајти РАМ и 256 гигабајти внатрешна меморија. Исто така, тие ќе се напојуваат од процесорот Снепдрагон 8 плас ген 1.
Моделот „фајнд Н2“ ќе користи 7,1-инчен екран ЛТПО АМОЛЕД на преклопување, ќе се напојува од батерија од 4.520 милиампер-часа, додека задниот панел ќе биде покриен со имитација на кожа.
Сензорот за отпечаток од прст ќе биде поставен настрана и интегриран во копчето „пауер“, исто како и во случајот со претходниот модел. Се очекува да биде достапен во црна, бела и зелена боја. Производството е веќе почнато, па наскоро се очекува датумот на претставување.
„Фајнд Н2“ и „фајнд Н флип“ ќе се појават на кинескиот пазар, а љубителите на брендот „Опо“ се надеваат дека уредите ќе го најдат патот и до светскиот пазар.