Техно

Компанијата „ХМД глобал“ претстави три нови „обични“ телефони на „Нокиа“ за да им понуди алтернатива на луѓето што сакаат да се извлечат од заморната технологија.
„Нокиа 8210 4Г“: Ова е нов додаток во семејството „ориџиналс“ и ја слави иконската „нокиа 8210“ претставена во 1999 година на модната недела во Париз. Инспириран од класичниот функционален телефон, го привлекува окото комбинирајќи незаборавен дизајн и препознатлива издржливост со 4Г-мрежа, екран од 2,8 инчи и интуитивен кориснички интерфејс. Покрај тоа, има батерија што може да издржи и до седум дена, исто како старите добри времиња.
„Нокиа 5710 експрес аудио“: Овој телефон го има она што луѓето го сакаа кај „нокиа 5310“ и го прави уште подобар. Поголемата батерија, копчињата за контрола на звукот и вградените безжични слушалки го подигнуваат аудиоискуството на повисоко ниво и ги задоволуваат потребите на современите корисници.
„Нокиа 2660 флип“: Функционалноста за преклопување и внимателниот дизајн на овој уред го олеснуваат управувањето со повиците со приближување на микрофонот и слушалките до корисникот. Подобрените функции за пристапност што ја зголемуваат самодовербата значат дека многумина ќе го сакаат, особено постарите од 55 години.