Нега и убавина

Понекогаш, колку и да се трудите, едноставно не можете да направите вашата шминка да испадне токму онака како што сакате. Затоа, списанието „Гламур“ објави неколку техники за шминкање и трикови на професионални шминкери.
Ги држите четките на погрешен начин: Кога нанесувате пудра или руменило на лицето, држете ја четката за крајот. Ќе имате помала контрола над четката, но понежно ќе ја нанесувате шминката на лицето, со што ќе добиете поприроден изглед.
Нанесувате течна пудра насекаде: Сакате да ги скриете несовршеностите, но тоа не значи дека треба да ја нанесете на целото лице. Нанесете ја под очите, околу носот и над сите несовршености на лицето.
Прекумерна употреба на коректор: Со прстите можете да ги намачкате тенките линии со коректорот што ќе го нанесете на пределот под очите и во близината на носот. Потоа поправете ги краевите со четка за коректор.
Го ставате руменилото на погрешно место: Руменилото може да направи да изгледате поенергично. Нанесете го на образите со кружни движења користејќи помала четка.
Неправилно ги чистите четките: Сапуните и шампоните не помагаат секогаш при чистењето. Треба потемелно да ги исчистите четките.
Променете го начинот на шминкање на очите: Обично секоја шминка за очи вклучува темен молив за очи, неутрална сенка и маскара. Понекогаш пробајте нешто ново.
Ги пополнувате веѓите само со една боја: Без разлика дали сте русокоса или бринета, усовршете ги веѓите со кафеаво-сива или темнокафена нијанса. Веѓите можете да ги пополните и со посветла сенка.