Нега и убавина

Содата бикарбона е позната по својот широк спектар на примени – од кулинарски трикови, до чистење и дезинфекција, па до трикови за убавина. Нејзината примена можете да ја најдете во секој сегмент, а во секој случај нејзиниот придонес е немерлив кога станува збор за хигиената. Она што е дополнително значајно е тоа што содата е една од најевтините намирници, а дополнително е економична бидејќи заштедува од некои други поскапи производи. Така, ако користите сода бикарбона на лицето, поретко ќе одите на козметичар бидејќи овој рецепт ги намалува воспаленијата и митесерите на кожата на лицето, а одличен е и за намалување на отокот, црвенилото и темните кругови.
Состојки: чаша топла вода или чај и една лажичка сода бикарбона.
Приготвување: во оваа смеса натопете памукче, ставете го под очите и оставете го 10-15 минути. Измијте се и избришете го лицето со крпа. Тоа е сè што треба да направите, а ефектот нема да изостане. Доколку сакате да го смирите тенот и да ги отстраните флеките, тогаш измијте се и нанесете сода бикарбона со прстите и оставете да дејствува десет минути. Измијте го лицето и нанесете сок од лимон со памук и не плакнете. Правете го ова еднаш неделно.