Нега и убавина

Потењето е природен обид на телото да ја намали температурата. И додека физичкиот напор и престојот на топло место предизвикуваат зголемено потење, ситуациите како стрес и напнатост исто така можат да предизвикаат реакција. Издвојуваме четири природни борци против потењето:
Јаболков оцет: Јаболковиот оцет дејствува како природен дезодоранс, бидејќи ги уништува бактериите. Доволно е еднаш дневно да ги бришете пазувите со него. Потопете суво памукче во мешавина од јаболков оцет и вода (2:1) и избришете ги површините на телото каде што многу се потите. Правете го тоа секоја вечер пред спиење.
Сода бикарбона: Можете да ја купите во која било продавница во мали ќесиња (кои можете да ги носите и во својата чанта), а е многу практично решение против потењето и непријатниот мирис на потта. Додајте прстофат сода бикарбона во малку вода или на влажни прсти и нанесете под пазувите. Истријте ја кожата, оставете ја да се исуши и отстранете го остатокот од правот со суво хартиено марамче.
Црн чај: Танинот со кој е богат овој чај содржи киселина што дејствува како природен антиперспирант и на тој начин влијае на жлездите и го намалува прекумерното потење. Сварете половина чаша вода и натопете црн чај во неа. Извадете ги ќесињата по една минута и ставете ги на чинија да се изладат. Ќесињата ставете ги под пазувите или на делот од телото каде што е зголемено потењето, оставете да дејствуваат пет минути и потоа отстранете ги.
Лимон: Лимонот се користи од памтивек за контрола на телесните мириси и против зголемено потење. Лимонската киселина ги убива бактериите и дејствува како природен дезодоранс, но откако ќе ја третирате кожата со лимон, треба да избегнувате излегување на сонце. Лимонот исечете го на половина и истријте го на пазувите. Оставете да дејствува од 15 до 30 минути и исплакнете ја кожата со ладна вода.