Нега и убавина
Бујните трепки, блескавите очи и совршено обликуваните веѓи на женското лице секогаш создаваат силен впечаток. Желбата на жените за подолги и погусти трепки беше поттик за индустријата за убавина да формулира серуми за раст на трепките, но ако не сте сигурни дали тие навистина функционираат и како вашите очи ќе реагираат на нив, подобро е да ги избегнувате. Сепак, постои една маслена мешавина во која девојките се колнат, а која ги тера трепките да закрепнат и да почнат да растат.
Имено, сѐ што ви треба е да измешате кокосово масло со етерично масло од лаванда доколку сакате подолги трепки. Значи, тоа е половина лажичка кокосово масло и од две до четири капки есенцијално масло од лаванда. Земете стара четка за маскара и нанесете ја оваа смеса на трепките од коренот до врвот, покривајќи ги. Направете го ова најмалку три дена во неделата.
Сепак, многу е важно да не се заборави дека трепките имаат намена што нема никаква врска со убавината, бидејќи тие имаат заштитна функција за да не навлезат честички од надворешната средина во окото.