Во желбата да имаме што е можно поздрава, бујна и лелеава коса, често посегнуваме по голем број купени, но и природни препарати што интензивно дејствуваат на нашата коса. Меѓутоа, додавањето шеќер во шампонот за коса е едноставен трик за кој повеќето луѓе не слушнале. Иако звучи како нешто што нашите баби би нѐ советувале да го правиме, за оваа техника е докажано дека има многу придобивки за нашата коса.

Италијанскиот дерматолог Франческа Фуско наведува дека шеќерот придонесува за поздрав скалп со тоа што, измешан со шампон, овозможува нежна ексфолијација на скалпот што ги елиминира мртвите клетки на кожата, но и им овозможува на другите употребени производи, како што се регенераторите или маските, да дејствуваат подобро. Покрај тоа, шеќерот измешан со шампон исто така ќе помогне во отстранувањето на првутот, иритацијата и чешањето. Не треба да заборавиме, додава таа, дека здравиот скалп фаворизира побрз раст на нови влакна.

Сè што треба да направите е да додадете една лажица шеќер во шампонот што го користите. Одлично е што шеќерот целосно ќе се раствори благодарение на водата, така што не мора да се грижиме дали косата е леплива или тешка.

Сепак, како и кај другите природни рецепти, со оваа комбинација не треба да се претерува. Прекумерниот пилинг и лупење на скалпот може да го отстрани здравото и природно масло од косата и дополнително да го иритира скалпот. Затоа се советува да не користите пилинг секојпат, туку се препорачува секој трет или петти пат кога ја миете косата. Можете да го комбинирате со навлажнувачки шампон за да се осигурите дека се одржуваат балансот и хидратацијата на косата.