Газираната вода ја забрзува циркулацијата, ги шири крвните садови и обезбедува подобро снабдување на кожата со кислород. Не се препорачува за редовно миење на лицето, но потребно е да се освежува лицето повремено.
Овој третман доаѓа од Јапонија и Кореја и всушност е многу логичен. Киселата вода има иста пХ-вредност како и нашата кожа, односно 5,5, а водата од чешма има вредност 7.
Да ве потсетиме, неутралниот раствор има пХ-вредност 7, додека пониските вредности се кисели. Сè што ја зголемува циркулацијата, а газираната вода го прави токму тоа, им помага на клетките да бидат подобри и повеќе снабдени со хранливи материи и кислород, што е решение за сјајна и здрава кожа.
На овој начин полесно е да се растворат нечистотиите и себумот во порите, така што длабоко ќе ја исчистите кожата.
Газираната вода веќе на собна температура ги има карактеристиките што обичната вода ги добива само кога се загрева. И што е најважно, во никој случај не воведувајте ја оваа рутина редовно. Доволно е еднаш или двапати неделно.