Фото: Пиксабеј

За да се увериме дека внесуваме доволно минерали во телото, најважно е да јадеме многу темнозелен листен зеленчук. Различни житарки се исто така богати со важни минерали, како и јајцата, морските алги и другиот морски зеленчук и супата од коски.

Доколку не успевате да внесете доволно одредени минерали преку исхраната, можете да се обидете да ги надоместите со суплементи. Снабдувањето доволно минерали е поврзано со количеството на енергија што ја имаме, што ни помага да функционираме и да бидеме активни, минералите се важни и за здрави коски и правилна функција на тироидната жлезда. Ако јадете различен свеж зеленчук секој ден, постои голема веројатност да внесувате доволно количество минерали, а налето е потребно да јадете уште повеќе, бидејќи минералите се губат со потење. Затоа, добро е да знаете кои се петте најважни минерали што треба да ги внесувате секој ден.

1. Железо: На телото му треба железо за транспорт на кислород низ телото. Кога не внесувате доволно железо, се чувствувате уморно и слабо, а тоа чувство може да стане навика доколку не го зголемите внесувањето на овој исклучително важен минерал. Секогаш земајте железо со витамин Ц, кој ја подобрува неговата апсорпција.

2. Калциум: Знаеме дека калциумот е неопходен за силни коски, а особено е важен за децата. Истражувањата покажаа дека внесувањето доволно калциум во детството помага да се постигне максимална коскена маса до 18-годишна возраст, што ја намалува веројатноста за појава на остеопороза подоцна во животот. Млечните производи се богати со овој важен минерал, како и растителната храна, како спанаќот и наутот.

3. Магнезиум: Минерал од суштинско значење за здравјето и енергијата на коските. Недоволното количество на магнезиум може да доведе до тежок замор. Напротив, постојат докази дека и магнезиумот ни помага да спиеме подобро, а доволно сон ни овозможува да имаме доволно енергија во текот на денот. Покрај тоа, истражувањата покажаа дека магнезиумот е поврзан со намалени симптоми на ПМС. Ќе го најдете во семките од тиква, со кои ќе добиете и доза цинк, кој исто така спречува грчеви.

4. Цинк: Овој минерал има неколку клучни улоги. На мозокот му е потребен за когнитивни функции и меморија и му помага на телото да го произведе важниот тироиден хормон Т3. Остригите се еден од најдобрите извори на цинк, а содржат и многу селен, кој помага во синтезата на тироидните хормони.

5. Калиум: Помага во регулирање на крвниот притисок, па затоа е исклучително важен за здравјето на срцето, а игра важна улога и во функционирањето на нервниот систем. Бананите се одличен извор на калиум, но не се единствените. Зелениот зеленчук, слаткиот компир и лососот содржат повеќе калиум од бананите.