Медицински совет

Неодамнешни истражувања во Велика Британија покажаа дека луѓето во просек имаат 28 часа прикриена прекувремена работа месечно, поради што е неопходно да се пронајде време за одмор. Стручњаците велат дека договорот за соодветна распределба на времето за работа и одмор се крие во правилото „42 процента“.
Според резултатите, повеќе од половината (56 отсто) од работниците се чувствувале анксиозно и под поголем стрес од почетокот на пандемијата. И додека 47 проценти од вработените „глумеле“ дека се зафатени, бидејќи се плашеле дека можат да ја загубат работата, луѓето во просек месечно одработувале 28 часа „скриена прекувремена работа“.
Поради тоа не изненадува фактот што голем број од нас се на работ да „прегорат“. Но во сегашниот момент е важно да не заборавиме да водиме сметка за своето ментално здравје, а во тоа може да ни помогне правилото „42 отсто“. Науката е доста јасна кога станува збор за „соодветното количество“ одмор што му е потребен на човечкиот организам. Тоа е процентот од времето што во вашето тело и мозок треба да го поминете во одмор, приближно 10 од секои 24 часа. Затоа во тие 42 отсто научниците препорачуваат да вклучите: 8 часа спиење (додајте или одземете еден час), 30 минути разговор што го намалува стресот, 30 минути физичка активност, 30 минути посветување внимание на храната, 30 минути за лични задоволства (физичка активност, медитација, друштвени игри…).