Медицински совет

Одредени симптоми на сериозни здравствени состојби и болести можат да бидат вообичаени и на тој начин лесно можеме да ги игнорираме. Ваквите симптоми се јавуваат и во устата, како што се чирови и рани, кои може да бидат игнорирани и да не предизвикуваат загриженост. Меѓутоа, еден експерт предупредува дека дури и навидум најнеопасниот симптом може да биде знак за многу поголем здравствен проблем. Имено, станува збор за отежнато движење на вилицата, пишува „Експрес“.
Д-р Ризван Махмуд верува дека постојат многу навидум вообичаени симптоми што често може да се игнорираат долго време, кои всушност може да биде знак за посериозни основни здравствени проблеми.
– Еден од нив е отежнатото отворање на вилицата, често придружено со болка, што може да сигнализира за заболување на непцата или дури и рак на устата – објаснува тој.
Тој истакнува дека отежнатото отворање на вилицата може да биде знак за многу други нарушувања.
– Тоа резултира со болка, звуци на пукање и кликање при широко отворање на устата, тешкотии при џвакање или јасно зборување, отекување на лицето, главоболки или болки во вратот – додава тој.
Меѓутоа, може да сигнализира и нешто друго. Имено, други фактори што придонесуваат за оваа состојба вклучуваат стрес, чкртање на забите, артритис или некаква траума на лицето или во пределот на вилицата. Исто така, отежнатото отворање и затворање на вилицата може да им се припише и на проблеми со забите, како што се тешки заболувања на непцата, кариес или забни апсцеси, а во ретки случаи и рак.