Националниот џез-оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од нашата земја, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска, на кои настапи заедно со Рамбо Амадеус. Оваа мини-турнеја низ Хрватска започна на 25 јуни, кога оркестарот настапи во тврдината Св. Миховила, Шибеник. По настапот во Шибеник, следуваше концертот во рамките на првото издание на фестивалот „Ијланд Вис мјузик бриз“ на полуостровот Прирово, Хрватска. Третиот концерт се одржи во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, на 1 јули.
Антоније Пушиќ, познат во јавноста како Рамбо Амадеус, е познат по острите и сатирични текстови и виртуозноста на гитарата. Неговата музика е мешавина од спротивности, колаж што вклучува фанк, рок, хипхоп, класичен, модерен џез, импровизирана музика, комедија скечеви и електронска музика. Рамбо пред сѐ е мајстор за раскажување приказни, како музички така и лирски, што секогаш доаѓа до израз во неговите настапи во живо. Неговите концерти никогаш не се само повторување на снимени песни, туку мешавина од слободна импровизација и сатиричен хумор.
– Публиката во Хрватска имаше можност да проследи дел од композициите на Рамбо Амадеус, изведени во аранжмани за биг бенд состав. Аранжманите изработени од страна на членовите на биг бендот ги претвораат овие композиции во вистински ремек-дела – велат од Националниот џез-оркестар.