Промовиран интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела, во издание на „Арс либрис“.
„Градината на олеандрите“ е семејна сага за испреплетените судбини на четири храбри и уникатни жени и мирисот на волшебната земја Апулија.
Во градината на една куќа во Карбонара, во Апулија, цвета олеандер. Го насадува Агостино, кога се преселува таму со неговата сопруга Анита, позната како Марџала.
Роза Вентрела е родена во Бари, а во моментов живее во Кремона. Дипломирала на Катедрата за современа историја, а мастер-диплома стекнала од областа на менаџмент во образованието. Долго време пишувала за специјализирани списанија за историја и држела предавања за положбата на жената низ историјата: нејзините романи најчесто говорат токму за чувствата и проблемите на жените. Работела и како уредничка во издаваштвото, а веќе со години држи настава за креативно пишување за деца и за возрасни. На македонски, а во издание на „Арс ламина“, е преведен и нејзиниот роман „Приказна за едно семејство“.