Меѓународна соработка

Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој го организира Мрежата на филмски фестивали и организации „Еду катс“ (Edu Cuts).
На повикот беа пријавени 40 младинци, од кои 33 девојки и седум момчиња, од кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, пет од Србија, по двајца од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумтемина младинци што не беа поддржани не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали.
На отворениот повик за мобилност, патните трошоци за учество на Младинскиот филмски фестивал во Сараево ќе бидат покриени за 24 младинци, од кои 12 се од Босна и Херцеговина, осум од Македонија и четворица од Србија. Поддржани се уште седум учесници да патуваат во Ужице, Србија, на „Тин док“ (Teen Doc). работилницата во рамките на филмскиот фестивал за документарни филмови „Интеракција“. На оваа работилница ќе одат по два учесника од Македонија, Босна и Херцеговина и од Албанија и еден учесник од Црна Гора.
Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ е финансиран од Европската Унија и поддржан од Британскиот совет, со цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социоекономско влијание. Mрежата на филмски фестивали и организации „Еду катс“, мотивирана од големиот интерес, продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан.