Фото: Општина Карпош

Во здраво тело здрав дух

По натпреварувањата во првиот дел од есенската сезона на одбојкарската училишна лига во Карпош, во која учествуваа девет тима од сите основни училишта од подрачјето на локалната самоуправа, одбојкарките на ООУ „Владо Тасевски“ завршија на врвот од табелата како апсолутни победници. Во вкупно одиграни девет натпревари, тие извојуваа осум победи и со тоа заслужено го освоија првото место во есенскиот дел од училишната одбојкарска лига за девојчиња за 2022/2023 година.
Сумирано, по одиграните натпревари во фудбал, кошарка и одбојка, кои се дел од спортските училишни лиги на Општина Карпош, засега во есенскиот дел од сезоната, најуспешни се младите спортисти од ООУ „Владо Тасевски“.