Од денес до 8 јуни ќе се одржи 22-та манифестација „Средби под јаворите – Видое Подгорец“, посветена на делото на овој голем писател за деца.
Предвидени се голем број случувања, средби, доделувања награди.
И годинава ќе му се додели награда на најдобриот библиотекар, а ќе се одржи и советување на темата „Библиотеката темел на писменоста“. Воведен збор ќе каже проф. д-р Ана Витановца.
Утре, 7 јуни, од 10 до 16 ч. ќе се одржат книжевни средби со гостите на манифестацијата во градинките и основните училишта во Струмица и во Ново Село. Во 17 ч. ќе се одржи и трибината „Вмрежување на балканските писатели за деца“ во Домот на АРМ во Струмица, во 17 ч.
На 8 јуни, во 12 ч., во селото Колешино ќе им бидат доделени наградите на учениците по повод учеството на литературниот конкурс, а ќе следуваат посета на родната куќа на Видое Подгорец и свечено затворање на манифестацијата.