Мајчиниот јазик

Јазикот на кој што зборуваме
на кој мислиме и пишуваме –
како кон него да се однесуваме,
да го сакаме и чуваме?

На јазикот треба да си одан
низ тебе да струи како вода да те грее
како силен оган како нешто твое
– крв и рода.

Како што шуми душата,
телото трепери и срцето пее
така јазикот мајчин ја гасне
сушата со мудрост нѐ полева,
и во нас зрее. Сузана Мицева


Мајчин јазик

Ѕвезда во нас што свети
Извор од нас што блика,
Мисла од душа што лета
Збор на усните што цвета.
Мајчиниот јазик е нашиот глас
Наша судбина, нашиот спас!
Чесна мисла и добар збор
Сите гласови во еден хор!
Мајчиниот јазик е нашето име
Топол збор и полно виме.
Од устите ѕвезди ќе ни искрат вечно
Кога мајчиниот јазик го говориме течно!

Вера Симовска