КРЕАТИВНО КАТЧЕ

Училиштето за цртање, сликање и рекреација работи во рамките на МКЦ во Скопје, по утврдена програма, која овозможува постапно и темелно запознавање со тајните на цртачките и сликарските техники во креативна атмосфера. Часовите ги води уметникот Доротеј Нешовски, а се одржуваат во Младинскиот културен центар.
Пријавувањето се врши на: [email protected]
Детското ликовно ателје е наменето за деца од 5 до 12 години, во две групи, во следниве термини:
* група од 8 до 12 години:
– вторник и четврток 17 – 18.30 ч.
– месечен надоместок со вклучени материјали за работа: 1.800 денари
– цена за присуство на поединечна работилница: 250 денари
* група од 5 до 8 години:
– сабота 12 – 13.30 ч.
– месечен надоместок со вклучени материјали: 1.000 денари
– цена за присуство на поединечна работилница: 250 денари
Работилниците ќе се одвиваат преку применување игра, социјални концепции, дизајн, размислување, идеја, креативна емпатија, решавање проблеми, создавање дела, печатење дела, проектирање уметнички дела и нивно перципирање, инспирирање, обработки и анализа, дискутирање за да се запознаат со уметноста и дизајнот, нејзините карактеристики и техниките, нивната употреба и откривање на традиционалните и современите техники на сликање и процеси на работа преку забавни и иновативни содржини. Застапени се техниките: молив, туш, акварел, гваш, темпера, комбинирана техника, сув пастел, јаглен, современи пристапи.
Придобивките од посетата на ликовното ателје се многубројни: стекнување знаење за ликовната уметност и култура; дружење во безбедна и креативна средина; развивање естетски и теоретски вредности; учество во подготвување и организирање ликовни изложби создадени од учесниците; посета на ликовни изложби.
Сите работилници ќе се одвиваат според актуелните протоколи за организирање настани во отворен простор. Максимум учесници на една работилница е 15-20 деца.