Фото: ЕПА

Подготви: Христо Ивановски

Кина во петокот испрати нов сателит за набљудување на Земјата од вселената, од центарот за лансирање на сателити „Таијуан“ во северната кинеска провинција Шанси.

Сателитот „Гаофен-11 05“ беше лансиран во 11.3 часот по пекиншко време, со ракетата носач „Долг марш-4Б“ и успешно влезе во планираната орбита.

Ќе се користи во различни области, вклучувајќи истражувања на земјиштето, урбанистичко планирање, дизајнирање на патната мрежа, процена на приносот на културите и за помош при катастрофи.

Лансирањето ја означи 528-та летачка мисија од серијата ракети носачи „Долг марш“.