За широкиот пазар на стоките оваа година се предвидува дека ќе забележи најголем раст на цените од почетокот на суперциклусот на финансискиот пазар во 2000 година

Лично видување на економскиот експерт Џефри Кари од „Голдман сакс“

Неодамна Џефри Кари, економски експерт од „Голдман сакс“, за американската Си-ен-би-си зборуваше за растот на цените на енергентите и нафтата на светските пазари и што е причината за таквите случувања, но даде и свои предвидувања за она што може да го очекува финансискиот сектор. На почетокот од разговорот со Си-ен-би-си, Кари го постави прашањето што го предизвика падот на цените на акциите, обврзниците и стоките во втората половина на 2022 година. Во одговорот тој наведе три причини. Првата беше тоа што не се оствари сценариото за уништување на Русија и нејзината економија, а втората беше повторниот наплив на инфекции со ковид-19 во Кина и воведувањето строги мерки за заштита на населението. Третата причина беа јакнењето на доларот и зголемувањето на каматните стапки во втората половина на 2022 година. Сите овие причини доведоа до 30 отсто пад на капиталот. Исто така, лани цените на енергентите се зголемија за 60 отсто, цените на стоките насекаде пораснаа за 26 отсто.
Што сè се промени на светската сцена по сите случувања лани?
– Се промени сѐ, почнувајќи од Русија. Може да се забележат докази од ефектот на санкциите, што е очигледно од доцнењето на извозот. Откако се во сила рестрикции на рускиот увоз од февруари, доцнењето само ќе се зголеми. Второ, во однос на Кина, може да се забележи дека се укинуваат строгите ограничувања за движење и се отвораат границите, се резервираат одмори, се нормализира метро-сообраќајот. Во Европа, индексите на деловна активност почнуваат да растат, како и цената на гасот. Индиските индекси на деловна активност исто така растат, така што целокупната слика последователно изгледа добро. Така што нема да го критикувам снабдувањето. Она што ни е потребно е последователна побарувачка на растот и веќе гледаме дека се остварува.

Мислев дека вие имавте најдобар приказ досега како стимулот на Федералните резерви и оној на светот се одрази и зошто секаде имаме голема инфлација. Вие истакнавте дека многу долари се фрлаат кај потрошувачите, кои потоа ќе ги трошат на производи, и не е исто како кога парите завршуваат кај богатите, кои купуваат акции, па потоа расте вредноста на капиталот. Сето ова, токму како што кажавте, затоа што ни недостигаат микроорганизми. Вие еднаш многу добро го опишавте тоа. Ме интересира што ќе се случи ако Федералните резерви ве послушаат и признаат дека сте во право, па потоа одлучат дека треба да се крене сопирачката, бидејќи насекаде ќе се јави недостиг од сè и сега си го враќаат тоа сценарио. Тоа е премногу моќно нешто за некој да се бори против него и не изгледа дека за брзо време ќе има решение.
– Убаво објаснивте. Друг начин да се каже е што е инфлацијата? Тоа е премногу пари што „бркаат“ премалку стоки. Што се случи лани на крајот од годината, кога имавме премалку стоки, но немавме премногу пари. Најдобар начин за да објасните колку беше значајно тоа, како пример може да се земат случувањата со јапонскиот јен пред скорашните мерки што ги воведе централната банка на Јапонија. Лани ја почнавме со 100, а потоа се искачи на 150, што значи дека имаше 50 отсто помалку долари за да се бркаат нафтата и преостанатите стоки. Токму тоа е она што се случи во втората половина на 2022 година, така што снабдувањето со пари што можеше да ги брка овие стоки беше драматично намалено.

Токму така, како што може да се забележи од истражувањата, снабдувањето со пари е драстично намалено. Зошто би се сакала изложеност на стоки додека не заврши таа приказна? Додека Федералните резерви не дозволат некакво проширување на билансната состојба или олабавување на финансиските услови, се чини дека стоките треба да почнат да притискаат.
– Потребно е само да запре и да се смири. Не треба, всушност, да се врати на старото. Кога ќе се навратите на тоа што се случуваше по зголемувањето на каматните стапки од 2004 до 2006 и 2007 година, имавме масовно концентрирање на стоки поради две нешта. Федералните резерви го запреа растот на каматните стапки и имаше стимул од Кина. Што може да нè очекува во 2023 година е ограничување на растот на каматните стапки. Не би сакал сега да шпекулирам точно колкаво ќе биде ограничувањето, но растот најверојатно ќе забави и најверојатно ќе достигне нешто што ќе личи на ограничување. Истовремено, а тука е клучната поента, Кина, која е најголем потрошувач на стоки во светот, најголем увозник на нафта во светот, втора најголема економија во светот, почна да ги стимулира растот и отворањето по ковид-19, што ќе предизвика голем притисок на пазарот на стоки.