САД бележат најголем број посети на скијачи од која било земја по сезона, а потоа зад нив следуваат Австрија и Франција, според неодамнешниот извештај за скијачки туризам на „Лоран Ванат“. Овие три држави имаат и најмногу ски-лифтови по земја, со по околу 3.000 од нив. Алпите привлекуваат 40 отсто од љубителите на скијањето и се исто така најпосетуваната скијачка дестинација на меѓународно ниво.
Пандемијата во голема мера влијаеше на скијачката индустрија, при што во сезоната 2020/2021 беше забележана најниска посетеност на скијачките центри во милениумот со само 201,2 милион посети на скијачи низ светот. За да се стави ова во контекст, глобалните нивоа на посети се движеа меѓу околу 350 и 380 милиони скијачи од 2000 година, при што годишните промени делумно се припишуваат на временските услови. Меѓутоа, неколку земји успеаја да најдат светло во тунелот, бидејќи ограничувањата за патување во странство помогнаа да се зголемат домашните посети. Така, Русија и Романија, според извештајот, ги доживеаја своите најдобри сезони во 2020/2021 година досега. На инфографикот е прикажан бројот на посети во скијачките центри по земја врз основа на најновите петгодишни просеци.