Роботот се користи за проверка на работата на подземните кабли во тунел во областа Фенгтаи во Пекинг, Кина, Фото: ЦГТН

Светски експерти од областа на индустријата, економијата и финансиите воодушевени од новата генерација компјутеризирани и роботизирани производствени линии во Кина

Кај многу водечки експерти и официјални лица од индустријата и економијата, а и од финансискиот сектор од повеќе држави од светот предизвика восхит демонстрирањето на новите напредни роботизирани „производни сили“ во Кина, кои непосредно и директно се вклучени во повеќе индустриски гранки во Кина.
Со впечатокот што сѐ можат да направат новите роботи од новата генерација вклучени во производствениот процес, светски експерти излегоа во јавноста со констатација дека „новата форма на производни сили од Кина ќе стане мотор за глобалниот развој и ефективно ќе ги промовира развојот и технолошките промени, не само во Кина туку и низ светот“.

Кинескиот мотор на промени и развој во Здружението на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН)

Финиј Јарусомбат, поранешен заменик-премиер на Тајланд и претседател на Комитетот за промоција на тајландско-кинеската култура, рече за пошироката азиска и светска јавност дека „таквите квалитетни производни сили на Кина од новата генерација стануваат мотор на промени и развој во Здружението на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и во светот“.
Истакнувајќи ги новите енергетски возила, кои претставуваат стремеж на Кина кон нови квалитетни производни сили, а се препознаени од глобалните пазари за нивниот квалитет и употребата на висока технологија, Финиј рече дека стремежот на Кина за нови квалитетни производни сили му овозможува на АСЕАН, особено на Тајланд, да постигне невиден развој.
Во истиот контекст, Дев Раџ Гимир, претседател на Претставничкиот дом на Непал, ја забележа важноста од развивање кинеските квалитетни производни сили од наредното, повисоко ниво, заради примена на новите технологии и справувањето со глобалните економски предизвици, како и за климатските промени. Развојот на нови квалитетни производни сили ќе го промовира континуираниот развој на кинеската наука и технологија, со што дополнително ќе го промовира економскиот развој на целата економија во светот, рече Гимир.

Кинескиот динамичен технолошки развој, предмет на позитивни коментари во Јужна Америка

Понатаму, конгресменот од Перу, Едуардо Салхуана, рече дека е исклучително позитивно изненаден од кинескиот технолошки развој во областите што се движат од компјутерски науки до роботика и автомобили на Светскиот конгрес за мобилни телефони во 2024 година во Барселона, Шпанија, претходно оваа година. Салхуана изрази надеж дека кинескиот развој на нови квалитетни производни сили ќе донесе позитивно влијание врз економскиот развој во Перу.
Замир Ахмед Аван, основачки претседавач на аналитички центар со седиште во Исламабад – Глобалната алијанса за истражување на патеката на свилата, забележа дека новите квалитетни продуктивни сили привлекоа големо внимание за време на штотуку завршените две сесии во Кина. Истакнувајќи ги општо продуктивните сили, вклучувајќи ги и оние од најновата генерација продуктивни сили, кои се многу важни за земјата да ја развие својата економија, Аван изјави за ЦМГ дека развојот на нови квалитетни производни сили не само што ќе биде погоден за економскиот развој во Кина туку и во други земји.