ЗНАЧАЈНА МИСИЈА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПРОГРАМА НА КИНА
Кина испрати тројца астронаути во својата вселенска станица Шенжу-19 за да спроведат десетици научни експерименти, од кои некои се поврзани со изградба на човечки живеалишта надвор од Земјата.
– Ќе се спроведат 86 вселенски научни и технолошки експерименти на полето на вселенските животни науки, физиката на микрогравитацијата, материјалите, медицината, новите технологии – рече на прес-конференција Лин Ксикианг, заменик-директор на Кинеската вселенска агенција за екипаж во вторникот, пренесува „Ројтерс“.
Еден од овие експерименти се очекува да вклучува изложување тули направени од симулирана лунарна почва на условите на вселената. Доколку тестовите се покажат успешни, тулите би можеле да бидат клучен материјал што се користи во изградбата на постојана станица за истражување на Месечината.
Според „Ројтерс“, кинеските власти се надеваат дека станицата ќе биде изградена до 2035 година, бидејќи веруваат дека овие тули би можеле да бидат полесни за употреба од транспортот на градежни материјали од Земјата, пренесуваат светските медиуми.