Домување

Нашата домашна средина е поврзана со нашето целокупно здравје, па затоа е многу важно како се чувствуваме во нашиот дом. Сесил Аренс, терапевтка што е домаќинка на поткаст за ментално здравје наречен „Гет ментал“, откри кои предмети во вашата спална соба можат да ви го зголемат стресот.
– Одредени предмети и елементи можат да создадат стрес и да предизвикаат нашето тело да се напне и затегне – вели Аренс.
Немате доволно простор за предметите: Немањето соодветен простор за складирање на вашите лични предмети, како што се работите за лична хигиена, може да доведе до неред. Визуелниот неред може да го отежни опуштањето.
– Со расчистување на просторот, му давате одмор на вашиот ум – вели Марк Ловен, терапевт и основач на советувалиштето „Лончпад“.
Затоа е важно да не се создава неред во просториите каде што се одмораме и релаксираме. Аренс нагласува дека треба да се ослободите од предметите што се скршени или повеќе не ви се потребни.
Неуреден кревет: Местењето на креветот е задача што ќе направи да се чувствувате подобро уште на почетокот од денот. Аренс вели дека неуредниот кревет е пример за неорганизираност, што може да ја направи вашата спална соба постресна.
Расфрлана облека: Исто така, купот расфрлана облека може да предизвика стрес и просторот да го чувствувате како тесен. Затоа е важно постојано да ја одржуваме уредна просторијата во која спиеме или се релаксираме. За спалната соба да стане оаза на мирот и место за одмор, потребно е да го наместите креветот, да ја ставите облеката во плакарот и да се ослободите од непотребните предмети.