Популарноста на отворените кујни во кои нема преградни ѕидови или врати меѓу овој простор и дневната соба повторно е во пораст. Иако овој дизајн заштедува скапоцен простор, миризбите од кујната можат да го исполнат целиот стан. Понекогаш тие може да се примамливи, ако се работи за некои колачи, но не е многу пријатно постојано да мирисате на кромид или на риба. Затоа од голема важност е да се постави квалитетна вентилација во форма на аспиратор со соодветна големина. Неговото место е веднаш над шпоретот и може да биде или на база на филтрација или со вентилација.
Првиот работи според принципот на филтер низ кој поминува воздухот и потоа се враќа во просторијата. Аспираторот за вентилација, од друга страна, го извлекува воздухот од просторијата преку отворот за вентилација во оџакот.
Во поглед на дизајнот, има вградени, ѕидни, островски, извлекувачки и подни единици, а се избираат во зависност од стилот и распоредот на кујната. Ако не можете да инсталирате аспиратор во кујната, вентилаторите лоцирани внатре или во близина на кујнските прозорци се најдобрата алтернативна опција за подобрување на проветрувањето на кујната.