Домување

Топлите и влажни места никогаш не се добар избор за чување храна, а една од причините е што молците се задржуваат на такви места. Меѓутоа, молците можат да се вселат и во вашиот плакар и да ја уништат вашата омилена гардероба.
Затоа најдобро е да ја чувате храната во посебни тегли со капаци. Исто така, храната што се наоѓа во пластична амбалажа е лесен плен за инсектите, особено за молците. Тие се исто така големи љубители на цели зрна, кафеав ориз, хелда, просо и брашно. Ако сакате вашата храна да биде безбедна од молци, можете да ја осигурите на многу лесен начин. Неопходно е да оставите тревки што одбиваат молци, како лаванда, лимонова трева и друго, во вашите кујнски плакари.
Исто така, ако сакате да се ослободите од молци, направете приврзок од парче дрво и врвка, а дрвото попрскајте го со масло од пачули. Потоа закачете го приврзокот во плакарот каде што ја чувате облеката или во кујната каде што чувате храна. Ако не ви се допаѓа мирисот на пачули, можете да додадете и неколку капки етерично масло од лимон или грејпфрут.
Од молци може да се ослободите и со помош на спреј против молци што ќе го приготвите сами. Потребни ви се една лажица алкохол, 30 капки етерично масло од лаванда и еден децилитар дестилирана вода. Соединете ги состојките во шише, протресете, а потоа испрскајте ја површината на полицата за гардероба.
Познато е дека од инсектите можете да се ослободите со разни растенија што имаат интензивен мирис, а молците можете да ги одвратите со лавров лист. Неговиот интензивен мирис ќе спречи да се вселат молци во вашиот плакар, а доволно е да ги ставите листовите на полица.