Домување

Иако бојадисувањето обично е неуредна и физички многу напорна работа, а може и да потрае ако вашите ѕидови не се рамни или површините се значително големи, постојат неколку совети што можат да ви го олеснат.
Правило ѕид по ѕид: еден од најдобрите начини да се осигурите дека бојата брзо се суши е да се бојадисува еден по еден ѕид, односно додека се суши облогата на едниот ѕид, да го бојадисате другиот ѕид, така што максимално ќе го искористете вашето време.

Проток на воздух: обезбедувањето добра циркулација на воздухот во просторијата што ја бојадисувате е клучно за забрзување на процесот на сушење. Ако времето е сончево и не врне, отворете што повеќе врати и прозорци. Можете да вклучите и вентилатор, доколку имате.
Тенки слоеви на боја: наместо да нанесувате големи количества боја секогаш кога ќе го поминувате ѕидот, обидете се да му пристапите со полесен допир. И понатаму ќе го добиете истиот износ на покриеност на долг рок, а работата би требало да се заврши побрзо.

Вклучете греење: иако сите се трудиме да бидеме што е можно поекономични, доколку очајно сакате да ја завршите работата со бојадисувањето што е можно побрзо, зголемувањето на греењето во вашиот дом секако ќе помогне бојата да се исуши побрзо.