Фото: Доналд Трамп/ Официјален фејсбук профил

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот со Иран ќе биде завршен „многу брзо“ и дека САД имаат речиси целосна контрола врз Ормускиот Теснец.

– Ќе видите дека работите ќе се случат многу брзо – на еден или друг начин – рече Трамп пред новинарите во Овалната соба, пренесе „Фокс Њуз“.

Тој нагласи дека Иран е „практично уништен“, со економија во тешка состојба и инфлација над 300 проценти, како и со уништени морнарички и воздухопловни капацитети.

Говорејќи за Ормускиот Теснец, Трамп истакна дека САД имаат „речиси целосна контрола“ врз тој стратегиски воден пат.

– Би рекол целосна контрола – рече тој.

Според него, во последните три дена низ теснината поминало повеќе нафта отколку во кој било период досега.

Претходно, Трамп најави дека Вашингтон наскоро ќе мора да одлучи дали ќе го нападне Иран или ќе постигне договор со Техеран, предупредувајќи дека моменталната „пат-позиција“ се ближи кон крајот.