Фото: Принтскрин

Американското Министерство за одбрана на својата официјална интернет-страница соопшти дека технолошкиот магнат Илон Маск ќе има водечка улога во новиот проект за истражување на иднината на војувањето.

Проектот, наречен „Меридијан“, има за цел да ги идентификува областите што мора да се освојат и способностите што треба да се усвојат за обезбедување технолошка и воена надмоќ во наредните децении.

Министерот за одбрана Пит Хегсет нагласил дека иницијативата ќе се фокусира и на автономното војување – употреба на оружени системи и вештачка интелигенција за дејствување без непосредна човечка интервенција.

– Мора да гледаме кон иднината за да обезбедиме надмоќ на бојното поле – се наведува во соопштението.

Пентагон очекува резултатите од проектот да бидат презентирани во рок од 120 дена, односно до февруари.

Маск претходно, до мај 2025 година, го предводеше Одделот за владина ефикасност (DOGE), програма за намалување на расходите и оптимизација на државните агенции.