Домување

Топлотниот бран ја зафати нашата земја и сите се трудиме што повеќе да се разладиме, па често сме во дилема дали да ги отвориме прозорците или не.
Амин ал Хабаибе, професор на Универзитетот во Нотингем, објасни што е најдобро да се прави во топол ден.
– Топлината главно доаѓа од сончевото зрачење и топлиот воздух. Важно е да се избегне ефектот на стаклена градина бидејќи ја зголемува температурата во домот. Значи, ако имате затворен чардак, балкон или зимска градина, важно е да ги држите прозорците отворени во текот на денот и идеално е тој простор да се изолира од остатокот од домот – рече тој.
Тој додаде дека одговорот на прашањето дали прозорците треба да се држат отворени зависи од повеќе фактори.
– Отворете ги прозорците кога температурата во домот ќе стане повисока од надворешната. Во спротивно, држете ги затворени – додава тој.
Сигурно не сакате топол воздух да влезе во вашиот дом и дополнително да го загрева. Меѓутоа, кога ќе зајде сонцето, надворешниот воздух ќе почне да се лади, па затоа е добра идеја да ги отворите прозорците за да го разладите домот.
Исто така, доколку користите клима-уред за ладење на внатрешноста на вашиот дом, тогаш дефинитивно треба да ги држите прозорците затворени.