Нега и убавина
Холивудската глумица Скарлет Јохансон открива три чекори што ги практикува во текот на својот утрински ритуал на разубавување.
Неодамна таа отвори инстаграм-профил само за да го претстави својот нов деловен потфат, бренд на козметички производи што го носи името „Д аутсет“. Според неа, оваа линија е погодна за сите што посакуваат нивната кожа да изгледа подобро со минимален труд. Славната актерка откри и некои од нејзините утрински навики.
Кога ќе се разбудам, веднаш го проверувам телефонот, иако, искрено, посакувам да не е така. Потоа пијам чаша вода, ги мијам забите, а на лицето ставам мицеларно средство за чистење. Потоа ставам колагенски серум и хидратантен крем, а кога ќе завршам со тоа, ја будам ќерка ми за на училиште – објаснува Јохансон.
Таа открива и дека кога се шминка, користи коректор од „Живанши“, молив за веѓи на козметичката куќа „Мек“, маскара од „Пет Мекгрет“ и руменило и балсам за усни на „Лаура Мерсиер“.