Ѓорѓи-Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903 г.) е најпозната личност на модерното социјално и политичко движење во Македонија, водач на македонската национална борба. Веруваше дека сите луѓе треба да бидат слободни, дека слободата може да се извојува само како резултат на лични сериозни напори и на заедничка борба и дека припадниците на народите што живеат заедно треба да се почитуваат, да настапуваат заедно и да соработуваат.
Основната мисла на Гоце Делчев е етичката порака дека луѓето од целиот свет треба да се истакнуваат со морални и творечки дела.
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, велеше Гоце Делчев.