Фото: Пиксабеј

Здрава храна

За да ги победите здравствените проблеми и да се заштитите од сериозни болести подоцна во животот, почнете да јадете (или зголемете го внесувањето) намирници познати како суперздрава храна. Прочитајте внимателно што треба да јадете за да избегнете одредени болести за кои имате предиспозиции.
Во едно американско истражување, нивото на хистамин (хемиска супстанција што телото ја ослободува за време на алергиска реакција) во телото на испитаниците се намалило за 40 проценти по шест недели внесување витамин Ц – почетната доза била 500 мг, а последната доза била два грама. Одреден број заболени од одреден тип на алергија, пак, тврдат дека редовно консумирање две лажици мед двапати на ден ги ублажува симптомите, бидејќи дејствува како прогениторна вакцина. Храната богата со кверцетин (биофлавон), како црвениот кромид и јаболката, исто така значително ги ублажува симптомите на алергија на полен.
Храната што е исклучително здрава и богата со растителни влакна, како грав, грашок, леќа и полузрели банани, создава гасови во цревата. Слични стомачни проблеми предизвикуваат и сувото овошје, интегралните житарки (со лушпата) и лисниот зеленчук, особено зелка и зелје. Во категоријата на помалку здрава храна, која исто така предизвикува проблеми, спаѓаат и кафето, пивото, газираните пијалаци и мрсната хана. За ублажување надуеност и елиминирање гасови се користат природни лекови како чај од нане, камилица, ким, маточина, босилек или лен. Може да изрендате и малку ѓумбир, да го измешате со мелено семе и да го прелеете со топла вода. Процедете го и пијте го како вкусен и здрав пијалак. Конечно, биојогуртот (содржи живи култури на корисни бактерии) ги решава стомачните проблеми.