Здрава храна
Овошната салата е идеален оброк за топлите летни денови, без разлика дали ви треба алтернатива за појадок или ужина што ќе ве освежи попладне. Основата на салатата треба да биде лубеницата, која освен што разладува, има и голем број здравствени придобивки.
Исчистете две подебели резанки лубеница и исечкајте ги на коцки за да го зачувате сокот што се испушта. Додадете други летни овошја по желба: коцки диња, киви, манго, малини, боровинки, јагоди…
Во сокот од лубеницата и дињата додадете малку исцеден сок од лимон, а потоа прелијте го над овошјето и изладете го во фрижидер еден час. Послужете и уживајте во слатките летни вкусови, а можете да додадете и шлаг доколку сакате вистински десерт.