Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид веќе десетина години, во периодот од почетокот на декември до крајот на февруари, секоја вечер го следат мрестот на охридската пастрмка.
– Овој исконски ритуал, кој е поврзува со самото настанување на езерото, е привилегија за нуркачите од „Амфора“, кои пред мрестот ги чистат местата од цврст отпад и нечистотии на длабочина од два до 40 метри за да можат пастрмките на чист терен да ја положат икрата – соопшти претседателот на центарот, Јован Секулоски.
Наедно, тие ги пратат навиките на пастрмките и ги документираат со подводни фотографии и видеоматеријал, со единствена цел заштита на популацијата на охридската пастрмка.