Нега и убавина
Континуираната физичка активност е клучна за зачувување на доброто здравје, меѓутоа, тешко е да се знае колку точно треба да вежбате за да ги постигнете своите фитнес-цели, било да е тоа губење тежина или зголемување на мускулната маса.
– Типот на тренингот што го практикувате зависи од вашите способности, цели, афинитети, расположива опрема, повреди, ако ги имате, и од тоа колку време имате на располагање – објасни фитнес-тренерот Том Манс за „Индепендент“.
Иако не постои единствено правило колку е потребно да се вежба пред да се забележи конкретен напредок, Том Манс вели дека тренинг трипати неделно во траење од еден час може да ви ги донесе посакуваните резултати.
– Треба да тренирате најмалку трипати неделно ако сакате да ги постигнете своите цели во разумен временски период и да останете во форма во добра здравствена состојба – вели тој.
Тренинг четири или пет пати неделно е идеален, но повеќето луѓе сметаат дека тоа е неостварливо поради временските ограничувања, па затоа Манс сугерира да се стремите за трипати неделно, во траење од 45 минути до еден час.
– Тоа го изложува вашето тело на доволно голем стимуланс во текот на целата недела, што му овозможува да се приспособи, да зајакне и на крајот да изгледате онака како што посакувате – посочува Манс.