Ајде да видиме

Во периодот на адолесценцијата децата почнуваат да се оддалечуваат од родителите, бидејќи тоа е време кога се бараат и се губат во личната несигурност, несреќно се вљубуваат, збунети се од она што им се случува… Стручњаците велат дека тогаш генерацискиот јаз најмногу се чувствува, а тинејџерите најлесно се бранат од родителските префрлувања и критики со лаги.
Погледнете ја листата на најчестите невистини што ги употребуваат тинејџерите.

Денеска немам домашна задача

Децата се правдаат пред родителите дека дента не мора да учат, бидејќи професорите одлучиле така. А, всушност, домашната ќе ја препишат од некого пред училиште или имаат намера да избегаат од спорниот час.

Професорот не стигна да испраша, па не ја поправив оценката

Класична лага кон која прибегнуваат кога не стигнале да се подготват за час.

Вечерва ќе преспијам кај најдобрата другарка

Тоа значи дека ноќта ќе протече бурно.

Татко ми рече дека може

Кога мама нешто ќе скрати, тука е тато, на кој тинејџерот може да се вади, кој всушност и не знае за што станува збор, бидејќи не бил прашан.

Не го слушнав ѕвоното и не го видов пропуштениот повик

Родителските јавувања често се случуваат во погрешно време, па детето лесно
се оправдува со лагата дека од големата бучава не го чуло телефонот.

Но сите ќе одат или го прават тоа

Ова е реакција на некоја забрана, која звучи навистина убедливо ако
родителите помислат дека тие во случајот биле најстроги, додека другите мајки и татковци слободно им дале дозвола на своите деца.