Ајде да видиме…
Шеќерна волна (англ. cotton candy) е колаче од шеќер во вид на шеќерни нишки намотани на дрвено стапче. Тоа е едно од најомилените благи што се продаваат на панаѓурите. Се прави во повеќе бои, а најчесто е розова.
Шеќерната волна првпат е направена во САД. Американците, стоматологот Вилијам Морисон и слаткарот Џон Воротн до Нешвил, во 1997 година ја конструирале и патентирале првата електрична машина за производство на шеќерна волна. Таа првпат ѝ е претставена на пошироката јавност во 1904 година, на Светската изложба во Сент Луис. Шеќерната волна тогаш се продавала под името „вилински конец“ (англ. fairy floss), а за шест месеци, колку што траела изложбата, биле продадени 68.655 парчиња. Современото име, кое буквално би се превело како „памучно колаче“, станало популарно дури во 1920 година.
„Шеќерната волна“ се прави на тој начин што во посебна машина во ротирачката глава се става шеќер и постепено се додава, кој постојано се загрева и се топи на 150 степени. Потоа, под дејство на центрифугална сила, се исфрла преку дупчињата на ротирачката глава, при што се создаваат тенки и меки нишки, кои личат на волна. Тие веднаш се намотуваат на дрвено стапче, затоа што брзо се ладат и се зацврстуваат.
При изработката на шеќерната волна често се користи шеќер обоен со природни бои, па се добива розова, жолта или некоја друга боја. Шеќерната волна може да има вкус на банана, малина, ванила, лубеница или чоколадо. Денес може да се купат и мали апарати за домашна употреба.
Денот на шеќерната волна е национален празник во САД и се слави на 7 декември.