Фото: КФМ
  • Пласман во квалификациите за ЕП 2029 ќе обезбедат првопласираните
    репрезентации на четирите групи

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ќе игра со Кипар и со Австрија во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2029 година, реши вчерашната ждрепка, влечена во Минхен (Германија). Македонија оствари максимален ефект во првата претквалификациска фаза, со шест победи на исто толку натпревари.
Австрија досега настапила на шест ЕП, а последен пат во 1997 година и секогаш остварувала пласмани над 10-то место. Кипар само еднаш играл, и тоа во 2025 година, кога беше на последното 24. место. Македонија пет пати била дел од ЕП, последен пат во 2015 година (19. место), а најдобриот пласман ѝ е во 2011 година во Литванија кога го освои четвртото место.
Во втората претквалификациска рунда ќе се игра по двокружен систем, во три циклуси, во август и во ноември годинава и во февруари в година. Пласман во квалификациите за ЕП 2029 ќе обезбедат првопласираните репрезентации на четирите групи. Распоред на мечевите на македонската репрезентација: Австрија – Македонија (на 30 август), Македонија – Кипар (26 ноември), Македонија – Австрија (25 февруари 2027 година) и Кипар – Македонија (28 февруари). Г.И.


СОСТАВ НА ГРУПИТЕ

Група Д: Данска, Романија, Бугарија
Група Е: Швајцарија, В. Британија, Словачка
Група Ф: Македонија, Кипар, Австрија
Група Г: Белгија, Чешка, Норвешка