Остар и бескомпромисен одговор на германскиот европратеник Рајнхард Бутикофер на безумната дискусија на Ангел Џамбаски

Аналитичарите и експертите за оваа проблематика нагласуваат дека злоупотребувањето на европските институции не е новина, а последните испади на бугарските европратеници од крајно националистичката партија ВМРО-БНД се само еден инструмент за остварување на ирационалната, надвор од демократијата и правото, поставена бугарска стратегија кон Македонија. Нашите соговорници велат дека во тој контекст треба да го гледаме и настапот на Ангел Џамбаски во Стразбур, со извртување на тезите, манипулација со вистината и навредување на македонските претставници

Осуда на ширењето безумна македонофобија во Стразбур од страна на бугарските европратеници

Од Софија продолжуваат со својот говор на омраза, извртување на тезите и манипулација со вистината. Но овој пат повторно во рамките на институциите на ЕУ, поточно во Европскиот парламент (ЕП), кој треба да преставува храм на демократијата и слободарската идеја.
Изјавите со кои се навредува македонскиот народ како нација не се новина. Меѓутоа последната седница на мешаниот парламентарен комитет меѓу Македонија и Европската Унија во Стразбур потврди дека европските институции се злоупотребуваат како медиум за ширење на великобугарскиот национализам и шовинизам, затскриени зад наводното прекршување на човековите права во Македонија.
Меѓутоа последната седница на мешаниот парламентарен комитет мина во напната атмосфера и остри реакции на европските пратеници, кои го осудија ширењето на македонофобијата во Стразбур од страна на бугарските европратеници. Според нашите соговорници, токму овој сигнал, со ваквите сѐ помасовни реакции во Европскиот парламент, дава надеж дека конечно некој ќе им се спротивстави на постојаните навреди и омаловажувања на македонскиот народ, јазик, историја и култура во рамките на Европската Унија.

Европски пратеници спречуваат злоупотреба на институциите на ЕУ

Аналитичарите и експертите за оваа проблематика нагласуваат дека злоупотребувањето на европските институции не е новина, а последните испади на бугарските европратеници од крајно националистичката партија ВМРО-БНД се само еден инструмент за остварување на поставената бугарска стратегија кон Македонија. Нашите соговорници велат дека во тој контекст треба го гледаме и обидот на Ангел Џамбаски во Стразбур, кој изобилуваше со бесрамно извртување на тезите, манипулација со вистината и навредување на македонските претставници.
Имено, најпрво бугарските европратеници влегоа во вербален судир со пратеници на либералите и зелените поради блокадата на Македонија во ЕУ, во Европскиот парламент во Стразбур, на седница на која гостин беше бугарскиот премиер Денков.
Во една ирационална атака, со елементи на антисемитизам и фашизам од страна на бугарските европратеници, пратеникот на зелените од Германија, Рајнхард Бутикофер остро реагираше со зборовите: „Претседавачу, дали ќе интервенирате. Исфрлете го надвор, тој е проповедник на омраза, исфрлете го“!
Потоа, пратеникот на зелените од Германија, Рајнхард Бутикофер му порача на Денков дека во обраќањето „ниту еднаш не го споменал името С. Македонија, земја чиј влез во ЕУ досега беше блокиран од Бугарија“.
– Може ли некој да ги оспори искрените европски аспирации на С. Македонија, која дури си го смени и името за да ги отвори вратите на Европа? По говорот на омраза од г. Џамбаски, би сакал да ве прашам г. премиер што ќе сторите за да ја отворите вратата за С. Македонија – го праша Бутикофер бугарскиот премиер Денков.

Реакција и од македонската страна

Говорот на омраза, извртувањето на тезите и манипулацијата со вистината предизвикаа реакција и од страна на македонските пратеници што беа присутни на седницата во Стразбур.
– Луѓето како вас не можат да бидат мостови меѓу двете нации. Не можат да бидат мостови. Вие ги рушите мостовите. Затоа јас се надевам, ви посакувам сè најдобро во животот, но се надевам дека вашиот глас нема силно да се слуша и дека ќе дојдат луѓе што знаат како се градат односи и со нив ќе продолжиме понатаму да градиме пријателства – му рече пратеничката Соња Мираковска на бугарскиот европратеник Александар Џамбаски.
Таа додаде дека не може да се запре говорот на омраза на социјалните мрежи од поединци, бидејќи е предизвикан од однесувањето на Џамбаски.
– За пријателство се потребни две страни. Ако кон некого покажете прст, три прста покажувате кон себе. Во Бугарија работев 10 години, имам многу пријатели, кои за разлика од вас разбираат како се чувствувам – како Македонка што зборува македонски јазик. Така ме почитуваат, така соработувавме и имавме заеднички фирми и работиме и ден-денес – рече Мираковска.
Македонските аналитичари за говорот на Ангел Џамбаски во Стразбур велат дека станува збор за злоупотреба на европските институции и нивно ставање во функција на говор на омраза и хегемонија.

– Ова е голем срамота за европската демократија, за една напредна цивилизација, време е да се замислат што говорат во храмот на демократијата, да се релативизираат фашизмот и македонските пратеници да се навредуваат дека се фашисти во европскиот парламент е срамота. Згрозен сум од обидите фашизирање на европските институции – вели аналитичарот Сотир Костов, додавајќи дека светла точка во целата ситуација е дека сѐ повеќе европарламентарци не премолчуваат на бугарскиот шовинизам и насилен хегемонизам и дека се надев дека наредната година, во новиот состав на Европскиот парламент, бројот на парламентарците на кои ќе им биде позната вистината за Македонија и македонскиот народ ќе биде многу поголем и ќе бидат многу похрабри да го кажат својот збор во европската јавност.

Д.Ст.